Ибра го избрал новиот напаѓач: Милан ќе го урива трансфер рекордот за соиграч на Елмас

Дерби

07/05/2024

11:30

1.188

Големина на фонт

а а а

Милан полека ја привршува сезона која донесе доста измешани чувства и променливи изданија од тимот на Стефано Пиоли, па тоа дефинитивно е најава за голема промена на „Сан Сиро“ претстојново лето.

Златан Ибрахимовиќ и останатите директори на Милан веќе некое време се во потрага на нов тренер, но оперативците мора да работат и на привлекување нов напаѓач, особено поради фактот што си заминува искусниот Оливие Жиру.

Французинот си договори трансфер во МЛС лигата и процени дека е вистинско време за напуштање на Европа, а тоа отвора простор за нов голгетер кој е и повеќе од потребен.

Иако се уште не е избран новиот тренер, „Газета“ информира дека Милан веќе го избрал човекот кој е таргетиран како главна мета за нападот, а станува збор за играч кој доаѓа од Балканот.

Познатиот медиум со седиште во Милано открива дека „росонерите“ се подготвени да го урнат сопствениот трансфер рекорд за да го донесат Бенџамин Шешко, напаѓач чија пазарна вредност се движи од 60 до 70 милиони евра.

Се работи за суперталентираниот напаѓач на РБ Лајпциг кој е соиграч на Елиф Елмас, профил на фудбалер на кого Милан гледа како идеално решение за стартерското место во нападот. Во досегашната историја, најскап трансфер на Милан е оној на Рафаел Леао за кого беа платени 50 милиони евра, но клубот сега е решен да ја надмине оваа сума и да постави нови стандарди на трансфер пазарот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг