Најпознатиот тениски пар ја прекина врската, бурната романса траеше само една година

Точка

06/05/2024

15:30

2.831

Големина на фонт

а а а

Најпознатиот тениски пар, Шпанката Паула Бадоса и Гркот Стефанос Циципас, потврдија дека повеќе не се во врска.

Шпанската тенисерка во изјава објавена на социјалните мрежи објасни дека едногодишната врска на парот завршила „пријателски“ и дека секој тргнал по својот пат.

Бадоса и Циципас минатата година објавија дека се во врска, а нивната бурна романса беше исполнета со многу појавувања во јавноста, од отворање заеднички профил на Инстаграм до присуство на натпревари на кои играше еден од нив.

„По внимателно преиспитување и многу драги заеднички моменти, Стефанос и јас решивме пријателски да се разделиме“, напиша Бадоса.

„Споделивме патување исполнето со љубов и учење, а како пријатели со голема меѓусебна почит сега избираме да одиме напред по нашите сопствени патишта“, навела тенисерката.

Пред објавата тие имаа заедничка страница на Инстаграм со над 87.000 следбеници, но набргу по објавата на Бадоса, таа беше избришана.

26-годишната Бадоса, која е родена во Њујорк, но игра за Шпанија, своевремено беше втора тенисерка во светот, но во последно време се бори со повреди.

Циципас (26) во еден момент беше трет рекет во светот, а играше во две Гренд слем финалиња во кои и двата пати загуби од Новак Ѓоковиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг