Секси стилови и безобразни движења: "The Pussycat Dolls" во геј клуб ја започнале повратничката турнеја

Точка

25/02/2020

13:34

2.829

Големина на фонт

а а а

Членките на женската поп-група "The Pussycat Dolls" во саботата, на 22-ри февруари, настапиле во многу секси издание на еден LGBT настан кој се одржал во Лондон.

Неколку недели откако го објавиле својот прв повратнички спот за песната "React", членките на женската група на 22-ри февруари се нашле на сцената на настанот за кој картите биле распродадени со брзина на светлината.

Поп групата која ја сочинуваат Никол Шерцингер, Ешли Робертс, Кимберли Вајат, Кармит Бачар и Џесика Сута ја започнала својата турнеја, а овој пат девојките облекле секси парчиња облека со потпис на скапи на брендови.

Никол се одлучила за тесно, бело боди преку кое облекла црн корсет со појас, а на нозете носела мрежестите чорапи и црни чизми со висока потпетица.

Нејзините колешки носеле слични креации сочинети од корсет, кожни ракавици и чизми на високи потпетици.

Верните фанови дошле на овој настан за да ја видат групата секси девојки додека изведувале компликувани танцови точки на ремикси од своите светски познати хитови.

"The Pussycat Dolls", кои првобитно настапиле само во Лос Анџелес, со време станале светски познати, а соработувале со многу успешни ѕвезди. Тие се вратиле на сцената по 10 години пауза, а во 2010-та година последен пат одржале заеднички концерт.

Пред да излезе нивната нова песна "React", која веќе има 13 милиони прегледи на ЈуТјуб, фановите се прашувале дали Никол и натаму ќе биде главен вокал на групата.

Тие го најавиле остатокот од турнејата за април 2020-та година, а фановите посакуваат уште некоја членка на оваа група да го истакне својот вокал и да и се приклучи на Никол на водечкото место.



Спонзорирани линкови

Маркетинг