Се шокирале кога виделе што им донело кучето - ова бебе ќе израсне во опасен ѕвер

Точка

17/02/2020

21:01

6.492

Големина на фонт

а а а

Едно семејство од Каунти Вашингтон во САД се шокирало кога видело што им донело кучето од прошетка.

Кучето на почеток на февруари на нивниот праг донело младенче на мечка, кое било многу дехидрирано и тежело само 540 грама.

За среќа на младенчето, семејството брзо реагирало и го транспортирало во центар за диви животни во Вирџинија, каде го преземале експерти кои го сместиле во инкубатор.

Директорката на центарот, Аманда Николсон открила дека мечето е живо и здраво и дека во дивината нашле мечка која го прифатила.

„Мечето е успешно посвоено и се наоѓа во дивината со својата нова мајка“, рекла за „Bored Panda“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг