Мажи го насмеаја интернетот со проблемите кои им се појавуваат со бремените жени

Точка

09/01/2020

13:01

2.410

Големина на фонт

а а а

Многу мажи на социјалните мрежи споделуваат фотографии и опишуваат бизарни ситуации во кои се нашле откако дознале дека ќе станат татковци.

Бременоста носи голема радост, но и ерупција од емоции кај жените кои лудуваат под влијание на хормоните. Затоа, не е ни чудно што трудниците имаат необични желби, па често во доцните часови не се воздржуваат од своите партнери да побараат нешто за што имаат желба во моментот, без оглед на временските услови.

Издвоивме неколку описи на очајни мажи кои најдобро го доловуваат животот со трудница.

„124-ти ден од бременоста: вчера се разведувавме. Денеска ми подготви ручек и љубовна порака. Не одлучив дали ќе го јадам ручекот.“

„Сопругата плачеше бидејќи не можеше да ги најде чорапите. Беа на нејзините нозе.“

„Најлош дел од мојот ден: да ѝ помогнам на сопругата да ги облече компресивните чорапи.“

„Мојата сопруга е бремена и тоа значи дека секој сладолед во домот е нејзин.“

„Интимен извештај: повраќање после водење љубов.“

„Екипо, не знам дали имаме доволно кисели краставици!“

„Кога одиш со бремената сопруга на 3-часовно патување со автомобил.“



Спонзорирани линкови

Маркетинг