Пeчење до смрт и скафизам - најлошите затворски казни во историјата на човештвото

Точка

27/12/2019

16:16

5.149

Големина на фонт

а а а

Отслужување на затворска казна денес во споредба со начинот на кој прекршувачите на законот биле казнувани во текот на човечката историја, изгледа како шега, а за да се искорени криминалот, освен лишење од слобода, криминалците најчесто биле казнувани со сурови методи.

Казнувањето на престапниците било сурово, а затворениците биле осудувани на смрт и умирале во агонија. Ова се само дел од начините на кои биле казнувани затворениците. Некои од нив се толку многу сурови што ќе ви се дигне косата од главата.

Набивање на колец 

Колецот бил прицврстен во земјата, а осудениците биле местени така што додека паѓаат врз него да им помине низ стомакот или пак половите органи. Трпеле неподносливи болки и умирале во страшни маки. Оваа метода ја користеле многу луѓе како и освојувачката војска на Османлиите.


Слонови убијци

Во средниот век слоновите биле дресирани со една нога да застанат на главата или торзото на осудениците, а со помош на шилести острици поставени на нивните стапала би го сечеле осуденикот до смрт. Тоа бил вообичаен начин на казнување во средновековието низ Јужна и Југоисточна Азија.

Робијаштво

Криминалецот би бил сместен во заграден простор, без можност за излез, “среде Недојдија“, без храна и вода, а на крајот умирал од глад. Оваа метода е претходница на доживотен затвор. На овој начин на просторите на денешна Шпанија биле казнувани оние кои ги изневерувале своите брачни другари.


Скафизам - најлоша метода на погубување во историјата

Древната персиска метода на мачење на која биле осудувани големите криминалци, убијци и предавници била извршувана во мочуришта. Осудениците биле премачкувани со млеко, мед и фекалии и така врзани ги оставале на шупливи дрвја или пак заробени помеѓу два чамци. Така живееле со денови додека од нив се хранеле разни бубачки и инсекти.