Што се случува доколку се обидете да фотокопирате банкнота од 50 евра? Погледнете го видеото...

Точка

06/12/2019

11:40

10.159

Големина на фонт

а а а

Јутјуберот со корисничко име Caepa Cool има повеќе од 43 претплатници на својот јутјуб канал, а овојпат тој направил експеримент во која на луѓето им покажува што се случува доколку се обидат да фотокопираат банкнота од 50 евра.

Резултатот од неговиот експеримент ги изненадил многумина, па дури и него самиот.

По првиот обид на копирање, фотокопираната банкнота на себе имала бели линии по целата должина. Објаснувајќи дека сака да провери дали уредот ја препознава банкнотата па поради тоа го блокира копирањето или пак самата банкнота пречи во прцесот на копирање, при следниот обид на копирање тој банкнотата ја ставил во карта Уно.

На фотокопијата и банкнотата и картата имале бели линии.

Во третиот обид, дел од банкнотата ја покрил со бела лента и конечно успеал да го “излаже“ уредот и да ја ископира банкнотата без линии, но било очигледно дека дел од банкнотата е прекриен со нешто.

Но, доколку сте мислеле дека можете да се збогатите со фотокопирање банкноти тогаш мора да ве разочараме - повеќе од очигледно е дека станува збор за копија, а како изгледало сето тоа погледнете во видеото.

Погледнете го видеото:



Спонзорирани линкови

Маркетинг