Репортерка од Албанија известувала носејќи тримесечно бебе: Не ја напуштила работата, иако животот ѝ станал пекол

Точка

28/11/2019

20:20

4.650

Големина на фонт

а а а

Клодијана Хакај, новинарка од Драч, минала 60 часа на терен и тоа со тримесечно бебе. Бидејќи останала без стан во земјотресот, мислела дека единственото логично нешто што можела да го направи е да го земе микрофонот во раце и да влезе меѓу урнатините во Драч, да зборува со несреќните Албанци и на целиот свет да му покаже што е солидарност, но и професионализам.

Клодијана околу 60 часа била на терен како и многу нејзини колеги. Зад себе, во секој кварт, во секоја улица во која одела да известува, влечела "куфер", многу скап "куфер", во кој немало облека, туку нејзиното дете, најмилото нешто во нејзиниот свет. Нејзината тримесечна ќерка очигледно ја препознава тешката професија на својата мајка, иако светлината на денот ја видела само неодамна. 

Клодијана е еден од граѓаните на Драч кои се погодени од земјотресот. Нејзиниот стан е целосно уништен, ѕидовите попукале, плафонот паднал, вратите и прозорците се урнати. Станот буквално мора да се реновира од под до плафон.

Но, и покрај сето тоа, таа е тука да известува за проблемите низ кои минуваат илјадници други жители на Драч. Известува во живо, а потоа минува неколку моменти со ќеркичката. Така нејзините часови минуваат додека таа продолжува да работи постојано.

Полицијата поставила безбедносен појас во неколку згради во градот Драч. Се известува дека зградите претрпеле оштетувања на фасадите и нивната структура, што го загрозува животот на жителите. Новинарката Клодијана Хакај будно ги набљудува овие градби, за кои вели дека претрпеле голема штета.

"Постојат голем број на оштетени згради. Има голем број на објекти изградени пред и по 90-тите години од минатиот век. Оштетувањата се многу сериозни", рекла во едно вклучување новинарката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг