Кралицата го казни синот: Принцот Ендру останува без 300 илјади евра годишна плата, но ќе може да живее во дворецот...

Точка

25/11/2019

10:08

3.756

Големина на фонт

а а а

Британската кралица одлучи да го санкционира својот син после жестокото лобирање на неговиот брат Чарлс.

Иако според службеното соопштение британскиот принц Ендру самиот одлучил да отстапи од сите кралски должности, британските таблоиди тврдат дека зад сето тоа стои лично неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.

Наводно 93-годишната кралица го повикала својот син, инаку осми по ред за британскиот трон и буквално му наредила самиот да се повлече од сите јавни должности. Тоа наводно целосно го шокирало Ендру, а кралицата не сопрела на тоа.

Кралицата Елизабета исто така одлучила да го санкционира принцот и парично. Ќе остане без својата плата која годишно изнесува околу 300 илјади фунти, но сепак тоа не значи дека ќе остане без приходи. Наводно за ова кралицата Елизабета се консултирала со својот најстар син Чарлс.


Се чини дека Ендру не ни остави дурги опции освен вакво исклучување после прилично неубедливото интервју кое го даде за „БиБиСи“ неодамна. Тогаш тој дури не ни покажа жалење за неговото дружење со контроверзниот американски милијардер Џефри Епстајн кој одлежа во затвор поради сексуални односи со малолетнички. Епстајн додека сега го чекаше своето судење за слични дела, се обеси во затворската ќелија во Њујорк.

Иако подоцна покажа каење за неговото пријателство со Епстајн, тоа за Британците едноставно не беше доволно убедливо.

Инаку, британската јавност жестоко го осуди принцот Ендру не само поради неговото дружење со милијардерот-педофил, туку и поради обвинувањата дека и самиот тој имал односи со 17-годишно девојче против нејзината волја.


Ендру ќе продолжи да ги добива приходите од профитабилниот имот Duchy of Lancaster кој минатата година на кралицата Елизабета и нејзините деца ѝ донесе заработка од 21,7 милиони фунти. Покрај тоа, ќе продолжи да живее во својот дом Royal Lodge кој го доби на користење и на негово реновирање потроши 7,5 милиони фунти.

Принцот и дефинитивно нема да остане сиромашен преку ноќ, затоа што и од продажбата на Sunninghill Park Ascot кога се разведе со војвотката од Јорк, заработи 15 милиони фунти. Сепак, тој му наштети на своето семејство и тоа не само кога станува збор за угледот, туку и парично. Поради скандалот, од Ендру се оградија над 20 големи компании и хуманитарни здруженија.