Визуелно-акустичниот перформанс „Звучна илустрација“ на Глигор Кондовски во Скопје

Макфакс

30/10/2026

10:30

149

Големина на фонт

а а а

Глигор Кондовски, познат виолинист, композитор и филмски автор, ќе го претстави својот визуелно-акустичен перформанс „Звучна илустрација“ во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје. Настанот ги опфаќа различните уметнички целини и ги открива неговите достигнувања во музиката, филмот и фотографијата.

Виолинистот, композитор и филмски автор Глигор Кондовски денеска ќе го претстави визуелно-акустичниот перформанс „Звучна илустрација“, во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје. Настанот започнува во 19:30 часот.

Програмата опфаќа седум целини:

„Интродукција“, „Одек во просторот“, „Звучен пејзаж“, „Прекршување“, „Видлив звук“, „Звучен судир“ и„После звукот“.

Кондовски е роден во 1980 година. Дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност и филмска и телевизиска режија на Факултетот за драмски уметности во Тетово. Магистрирал филмско и телевизиско сценарио на ФДУ во Скопје, а во моментов е на мастер-студии по композиција.

Работи како педагог во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Со своите ученици освоил бројни награди на државни и меѓународни натпревари.

Негови музички изданија се објавени за „Шарла“, „ПМГ Џез“ и „Аксиома“, како и за странски издавачки куќи. Настапувал на фестивалите „Крај Вардарот џез“, „Скопско лето“, „Џез во градот“ и „Прилеп џез фестивал“.

Автор и на наградувани филмови и фотографски изложби

Како филмски автор реализирал краткометражни и документарни филмови прикажувани во земјата и странство. Во 2022 година ја добил гран-при наградата за „Белешка“ на Државниот фестивал на аматерски филм во Валандово. Документарниот филм „Сонцето не грее на сите страни“ бил прикажан на „Астерфест“ во 2023 година.

Кондовски се занимава и со фотографија. Меѓу неговите самостојни изложби се „Тетовски џез моменти“, „На сцена“, „Сфера“ и „Импровизации“. Последната била поставена во „Центар-Јадро“ во Скопје и во „Порта Џез“ во Битола.