“Филмот на годината“: Штотуку пристигна во кината, а по него полудеа и критичарите и публиката

Точка

19/11/2019

15:26

6.094

Големина на фонт

а а а

Иако во кината се прикажува помалку од една недела, филмот “ Le Mans '66“ и критчарите и публиката веќе го прогласија за филм на годната, пишуваат од “Lad Bible“.

Во филмот, кој според американската верзија се вика Ford vs Ferrari, ја следиме приказната за возачот на тркачки автомобили Кен Милес (Кристијан Бејл) кој се зближува со американскиот дизајнер на автомобили и поранешен возач на Формула 1 Карол Шелби (Мет Дејмон) за да направат револуционерен автомобил на Форд кој на трките би го симнал од тронот легендарното Ферари.

Но, во фирмата не станува збор за врвните автомобили туку и за комплицираните меѓучовечки односи, а благодарение на емотивната напнатост, филмот веќе за време на првиот викенд заработил 31 милион долари и 92 отсто на страницата на “Rotten Tomatoes“.

Го пофалил и критичарот Марк Хугес.

„Не мора да го сакате Форд за да навивате за него. Всушност не мора да сакате ни тркачки автомобили за овој филм да ви се допадне. Ќе ве зграби за срцето на прв поглед и никогаш нема да ве пушти. Приказната ја носат ликовите и полна е со конфликти, внатрешни и надворешни борби. Автомоблите тука претставуваат амбиција, имагинација, храброст и сила на волјата на патот полн со препреки и непријатели кои се обидуваат да ја уништат надежта и судбината на оние кои се обидуваат да ги сонуваат своите големи соништа“ - напишал тој.

Судејќи според коментарите на публиката која го погледнала филмот, тие се согласуваат на тоа.

„Не е важно дали сте љубители на автомобили или не. Погледнете го. Веднаш“.
„Конечно го изгледав Ford vs Ferrari и сè што имам да кажам е WOW. Каков филм. Успеа да ги надмине моите очекувања што мислев дека е невозможно“. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг