Нејзиното момче се предозира, а пред нејзините очи загинаа 22 лица: Пејачката, чиј живот е полн со трагедии, признала дека е тешко болна

Кармин

18/11/2019

21:54

8.282

Големина на фонт

а а а

Една од моментално најпопуларните светски ѕвезди, 26-годишната Аријана Гранде, признала дека боледува од пост-трауматска депресија, но и дека редовно се соочува со алергиски реакции поради што не може целосно да го изнесе својот вокален потенцијал.

Иако важи за една од најдобрите вокалистки на новите генерации и е позната по своите поп хитови и по социјалниот активизам, пејачката во последните неколку години се соочува со низа проблеми кои ја потресоа нејзината кариера. 


Имено, сè започна кога во текот на нејзината голема светска турнеја “Dangerous Woman” во Манчестер 2017 година се случи терористички напад во кој загинаа 22 тинејџери. Тогаш Аријана направи кратка пауза за да закрепне од стрес, а откако оваа година одржа неколку летни настапи, призна дека повторно ѝ е потребна пауза.

“Сè уште сум тешко болна. Не се чувствувам добро уште од последниот концерт во Лондон во октомври. Не знам како е можно, но грлото и главата постојано ме болат. Можеби звучев добро, но чувствував силна болка и едвај дишев во текот на последниот концерт”, напишала поп ѕвездата на Инстаграм.


Љубовниот живот на Гранде исто така е полн со турбуленции – ѕвездата пред 2 години раскина со вереникот Пит Дејвидсон, а набрзо потоа дозна и дека нејзиниот поранешен партнер, раперот Мек Милер, починал од предозирање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг