Аријана Гранде за прв пат по терористичкиот напад во Манчестер: Низ солзи зборувала за проблемите со кои се бори

Точка

18/08/2018

16:42

2.826

Големина на фонт

а а а

На 22-ри мај 2017 година беше извршен терористички напад на концертот на Аријана Гранде во Манчестер.

Тогаш загинаа 19 лица, додека 50 беа ранети, а пејачата досега не можела да собере сили и да проговори за големата трагедија која ја доживеала. Таа се врати на сцената оваа година во април со хитот "No Tears Left To Cry", а вчера беше објавен и нејзиниот нов албум наречен "Sweetener". 

На албумот се наоѓа песната "Get Well Soon" која Аријана им ја посветила на своите обожаватели кои настрадале на концертот. Пејачката дала интервју поврзано за оваа песна и се расплакала, наведувајќи дека и понатаму пати поради лицата кои загинаа во стравичниот напад.

"Многу е тешко. Заедно со сите поминав низ страшни ситуации и се борев со анксиозност. Мораме да бидеме тука едни за други бидејќи никогаш не знаеш што ќе се случи", изјавила Гранде и додала дека се бори со личните демони по терористичкиот напад.

"Се борам со оваа трагедија, анксиозноста. Менталното здравје е многу важно, луѓето не обрнуваат внимание на тие работи бидејќи се презафатени. Имаат работа, закажани состаноци, деца, притисок кој ги следи но мораат да го остават на страна. Не им е гајле за она што се наоѓа внатре".

"Жал ми е, се распаѓам. Можеби кога во оваа песна ќе ги чујат стиховите дека сакам да ги прегрнам сите луѓе, ќе помислат дека е клише, но навистина не е. Луѓето мора да бидат подобри едни кон други", изјавила Аријана во интервјуто и додала дека нападот во Манчестер ѝ го променил животот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг