29-годишната мајка на три деца од Нов Зеланд се нашла на удар на критики откако на својот Инстаграм профил објавила фотографии од лов.
Луси Роус Џејн почнала да се занимава со лов кога го запознала својот партнер Шани. Сега толку многу го засакала ловот што дури и во 9-от месец од бременоста никој не може да ја одвои од пушката.
Луси за „The Sun“ раскажала дека се противи на вештачкото одгледување на храна и дека е среќна што своето семејство може да го прехрани со органско месо.
Исто така, додала дека повеќе сака лов отколку фармерско одгледување на животни, бидејќи, како што вели, знае дека животното дотогаш имало исполнет живот.
Со партнерот одат на лов од пет до осум пати месечно и со себе ги водат и своите деца, 7-годишниот Инди, 4-годишната Каха и 5-месечниот Дејси. Воглавно ловат диви свињи, но и елени, диви кози и зајци.
На Инстаграм редовно ги споделува ловечките авантури на семејството на Инстаграм, но не им се допаѓа на сите нивниот животен стил.
Луси вели дека честопати добивала и закани по смрт. “Тие луѓе едноставно немаат искуство со лов. Или можеби се против суровоста кон животните. Но, тоа не си го 'ставам на срце'“, вели таа.