Балканската Атлантида: Овој остров на Дунав преживеал големи промени, а Југославија го срамнила со земјата

Точка

14/11/2019

19:51

4.461

Големина на фонт

а а а

Иако исчезнал пред повеќе од половина век, еден остров на Дунав на тромеѓето на Србија, Романија и Бугарија сè уште се појавува на мапата на Гугл.

Ада Калех се наоѓа на само 60 километри северно од местото каде што се сретнуваат границите на Србија, Бугарија и Романија. Островот го опкружувале масовни карпи кои поради својата импозантност го добил името “Железна врата“, а со својата јачина ги обликувала една од најголемите реки во Европа.

Бурна историја

Островот бил широк околу 500 метри и долг околу 1.700 метри, а неговата површина се состоела од песок кој го носеле водите на Дунав. Низ вековите, Ада Калех бил дел од многу различни историски случувања и познат е под различни имиња. Првпат овој остров се спомнува во службените извештаи од 1430-та година кај Теутонските витези кои го нарекувале Саан.

Исто така бил познат и како Уј-Орсов Сзигет (на унгарски јазик), Инсула Орсовеи (романски јазик), Пориза (италијански јазик), Аба и Кебир (арапски јазик) и друго. На крајот останало името Ада Калех кое му го дале островјаните и станало најчесто турско име што значи “островска тврдина“.

Една од поголемите градби на него била тврдината која ја изградила Хабзбуршката монархија. Турците го освоиле во 1699-та година, а потоа неколку пати го губеле па пак го освојувале. Османлиите повторно го презеле во 1738-та година, а Австријците во 1789-та година. Меѓутоа во 1791-та година тие биле принудени повторно да го вратат на Османлиското Царство.

Во 1913-та година Унгарија конечно одлучила да го анектира Ада Калех, а по Првата светска војна островот и неговото северно крајбрежје доделени биле на Романија. Во текот на целото тоа време Османлиското Царство не прфаќало ништо од тоа. Сè до 1918-та година кога га испратиле својата војска на островот за да ги заштитат своите интереси. Конечно Ада Колех бил нивниот последен територијален посед западно од Едирнеа. Конечно го ослободиле Ада Калех во 1923-та година по потпишувањето на Лозанскиот договор и воспоставувањето на модерна Република Турција.

Егзотично туристичко место

До 1931-та година островот бил погоден од голем бран на сиромаштија, но тоа се сменило откако романскиот крал Карол II го посетил Ада Калех и одлучил да изврши ослободување од данок за своите граѓани. Тоа на островот донело големи промени и бил претворен во еден егзотичен остров, романтична и профитабилна туристичка дестинација која ја посетувале илјадници луѓе годишно.

Жителите на тој остров биле припадници на различни култури, поголемиот дел биле Турци, некои биле од Босна, од Бугарија, Албанија... Со своите тесни улички и џамии островот на своите посетители им го нудел единствениот поглед на “Ориент во срцето на Европа“.

Неговиот славен плоштад бил преполн со кафулиња и продавници за ориентален текстил и накит. Поголемиот дел од населението живеело од риболов и одгледување на домашни животни, но и од туризам и трговија.

крајот на Втората светска војна на островот донело уште промени. Романија станала комунистичка земја, а од страв дека Романија ќе се обиде да емигрира во помалата Југославија, нивната влада го ограничила пристапот до островот.

Ада Калех тогаш повторно го погодило сиромаштија, а тогаш комунистичкиот водач одлучил на островот да изгради фабрика. Меѓутоа, таа не работела добро и тоа било крај за островот.

Поечеток на крајот

Во 1964-та година Југославија го започанала својот проект за изградба на огромна хидроелектрана “Железна врата“. Тоа значело дека островот ќе исчезне од Земјата. Георг Георгиу - Деј потпишал договор со кој островот ќе биде потопоен.

До 1968-та година сите го напуштиле островот, а некои делови од џамиите и гробиштата биле пренесени на Симиан. Ада Калех исчезнал во 1971-та година, а сето она што денес останува за овој остров е сеќавањето за неговото постоење.




Спонзорирани линкови

Маркетинг