Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша првиот мировен план за Газа, изјавувајќи при потпишувањето: „Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова, можете ли да поверувате? И овојпат ќе опстане.“
По него, документот го потпишаа египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Ова е неверојатен ден за светот,“ изјави Трамп, додавајќи дека договорот е толку важен што ќе ja спречи Третата светска војна, која, според него, можела да избие на Блискиот Исток.