ЗНАМ: Разоткриени лагите и манипулациите на градоначалникот на СДСМ во oпштина Центар, Герасимовски

Макфакс

13/10/2025

09:19

287

Големина на фонт

а а а

„Денес од лице место, овде во Крњево, ви разоткриваме уште една манипулација на актуелниот градоначалник на Општина Центар, кој всушност се обиде да продаде лажна приказна за „уредување“ и „подобрување на условите“ во населбата Крњево“, велат од ЗНАМ.

Тој вчера изјави дека целосно ја расчистиле дивата депонија и дека на ова место ќе никне детско и спортско игралиште, зеленило и урбана опрема.

Но, фактите покажуваат сосема поинаква слика:


Локацијата која според Генералниот урбанистички план (ГУП) е локација предвидена за изградба на булевар „Крушевска Република“, а според Деталниот урбанистички план (ДУП), оваа зона е предвидена за сообраќајна инфраструктура, а не за урбана опрема и игралишта.

Активностите се изведуваат без транспарентност, што го крши законот и урбанистичките норми.

Тоа што го гледаме денес не е пример за грижа кон жителите, туку пример за самоволие, злоупотреба, дивеење и грубо прекршување на правилата, потенцијално кривично дело. Тој што треба да ги спречи и руши дивоградбите, за кои алармиравме повеќе пати, сега е директен креатор и потенцијален извршител на истото.

Затоа оттука поставуваме директни прашања до актуелниот градоначалник Герасимовски:

1. Зошто најавивте градежни активности на оваа локација, дали за истото има проект и обезбедена градежна дозвола?

2. Зошто го лажете населението тврдејќи дека ќе се гради детско и спортско игралиште, кога според плановите тука треба да има сообраќајна инфраструктура?

3. Кои механизми на транспарентност и јавна отчетност сте ги примениле пред да започнете со градежните активности?

4. Дали граѓаните треба да веруваат на вашиот PR, или на документите и плановите кои јасно го покажуваат незаконското постапување?


Тоа што го гледаме денес не е пример за грижа кон жителите, туку пример за самоволие, злоупотреба и грубо прекршување на сите урбанистички норми.

Ова е класична слика за начинот на владеење на актуелниот градоначалник – со лаги, со манипулации и со обиди да се прикажат нелегални активности како „добри дела“.

Граѓаните на Центар веќе видоа доволно и знаат дека зад секоја негова објава стои интерес, а не искрен труд.

На 19-ти октомври, ќе стават крај на ваквото самоволие и празните ветувања.

Во недела, на 19-ти октомври ќе изберат човек кој навистина ќе работи во нивен интерес, ќе ги штити јавните простори и зеленилото и ќе ја врати човечката и достоинствената димензија на Центар“, соопштуваат од ЗНАМ.