Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дека ќе може да влезе во рајот, но додаде дека „на многумина им го направил животот подобар.
Изјавата ја даде во претседателскиот авион Air Force One по потпишувањето на мировниот договор за Газа и ослободувањето на последните 20 заложници што ги држеше Хамас.
„Малку се шегувам. Мислам дека ништо нема да ме одведе во рајот. Можеби не сум предодреден за тоа. Можеби сум во рајот токму сега, додека летаме со Air Force One,“ рече Трамп.
Тој повторно ја обвини администрацијата на Џо Бајден за неспообност и додаде дека војната во Украина никогаш немаше да се случи доколку изборите во 2020 година не биле наместени.