Трансформациите кои ги прави овој забар докажуваат колку е важно да имате здрави заби

Точка

30/10/2019

14:22

2.988

Големина на фонт

а а а

Бразилецот Фелипе Роси е 38-годишен естетски стоматолог, а неговата животна филозофија е да им се помогне на оние на кои им е најпотребна помош.

Пред три години го основал здружението „Por1sorriso“ чија цел е да се врати насмевката на лицето на сиромашните луѓе кои поради материјалните трошоци не можат да си дозволат да ги поправат своите заби.

Освен во Бразил, со своите колеги тој несебично помаѓа и по сиромашните заедници во Кенија и Мозамбик.

„Оваа помош се разликува многу од проектите во кои луѓето едноставно добиваат четки за заби и паста за заби“ - напишал Роси на својот Инстаграм профил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг