Направете совршена маринада за месо на скара: Воодушевете ги семејството и пријателите со рецепт кој го претвора ручекот во фантазија

Точка

02/05/2024

21:42

18.055

Големина на фонт

а а а

За да ја подготвите оваа универзална маринада потребни ви се само неколку минути и неколку состојки кои веројатно веќе ги имате дома.

Едноставната маринада со лук, чиј вкус е совршено избалансиран со сок од лимон и збогатен со аромата на фините медитерански зачини, е толку разновидна што подеднакво добро оди со свинско, пилешко месо, па дури и тиквички и тофу. Идеална е за месо со понежен вкус, па затоа се препорачува за филе, како и за храна која ги впива другите вкусови како тофуто или тиквичките.

Користете суви зачини за да не избледат аромите, а избраната храна чувајте ја во маринадата во покриен сад во фрижидер најмалку половина час, идеално преку ноќ. Самата маринада можете да ја направите до 24 часа однапред.

Од количеството состојки во овој рецепт ќе добиете околу половина шолја маринада, што ќе биде доволно за 600 до 700 гр. месо или за околу 450 гр. тофу или тиквички.


Потребни состојки:

- свежо исцеден сок од 2 лимона
- 4 чешниња лук, иситнет
- 1 лажица дижон сенф
- 1 лажица суви медитерански зачини: оригано, мајчина душица, мајоран и нане
- ½ лажиче сол
- ¼ лажиче мелен црн бибер
- 3 лажици маслиново масло

Подготовка:

Измешајте ги сокот од лимон, лукот, сенфот, зачините, солта и биберот заедно во чинија додека убаво не се соединат. Додека мешате, полека додавајте го маслиновото масло додека не добиете емулзија.

Во садот додајте го месото и лесно промешајте. Покријте и маринирајте во фрижидер најмалку 30 минути, по можност преку ноќ.