Пешачи од Германија до Јапонија поради ОИ: Патување долго 16.000 километри

Точка

21/10/2019

14:11

733

Големина на фонт

а а а

Кристијан Аделер пред седум месеци тргнал пешки од Германија кон Јапонија, каде планира да ги гледа Олимписките игри во Токио во 2020-та година.

Аделер на патот од Лауринген тргнал под слоганот "1 Man 1 Way". Во текот на патувањето имал можност да запознае различни луѓе и култури, а патувањето од 16.000 километри треба да трае 500 дена. Аделер стопира единствено во случај на неповолни временски услови, а по седум месеци и пат од 5.350 километри, дошол до Дугубајазит во Турција. 

Авантуристот останал воодушевен од богатото културно наследство, посебно од Платата Ишак Паша, која е на листата на Унеско. По Дугубајазит продолжил со преостанатиот пат од 11.000 километри.

Аделер рекол дека од Лауринген тргнал на 14-ти март за да ги гледа Олимписките игри во Токио во 2020-та година. Објаснил дека познанствата и пријателствата направени на патувањето му ја зголемиле мотивацијата.

"Во текот на патувањето кое ќе трае 500 дена, односно 16 месеци, ќе минам пат од 16.000 километри и ќе видам 16 држави. Планирам на 25-ти јули 2020-та година да пристигнам во Токио. Доколку го одземеме времето за одморање, секој ден минувам по 40 километри и се будам на ново место. Запознавам нови луѓе и краишта. Многу е возбудливо и станува збор за интересен експеримент", рекол Адлер.

За доживувањата во текот на патувањето пишува во својот блог, а во Турција се наоѓа веќе десет недели.

"Посетив многу градови од запад до исток. Турција е земја со богата историја и култура", рекол Аделер кој останал воодушевен од начинот на кој Турците се однесувале кон него за време на патувањето.

Додал дека луѓето на патувањето чест му подаруваат ситници, како и дека создал убави пријателства.




Спонзорирани линкови

Маркетинг