Сместен во планините на југозападна Кина, кинескиот град Чонгкинг е единствен во светот. Поради својата посебна географска локација, немал простор да „расте“ никаде освен нагоре, што резултирало со неговата бизарна архитектура.
Станицата Лизиба во Чонгкинг, Кина е веројатно единствената железничка станица во светот сместена во средината на станбена зграда. Уникатна е по тоа што се наоѓа помеѓу шестиот и осмиот кат на 19-катна станбена зграда - и навистина е неверојатна глетка да се гледаат возовите како минуваат низ утробата на облакодерот.
Возот бил планиран кога била изградена самата зграда, шините потоа не биле провлекувани низ постоечкиот облакодер, иако често се верува дека е поинаку. Неверојатно, но вистинито - жителите речиси и да не слушаат бучава благодарение на одличната изолација. Станицата Лизиба е омилена атракција во Чонгкинг, а покрај гледањето на возовите или возењето, посетителите доаѓаат во туристичкиот центар со изложби и сувенири.

Градот Чонгкинг е сместен во планините на југозападна Кина.. Поради својата посебна географска локација, немал простор да „расте“ никаде освен нагоре, што резултирало со неговата чудна архитектура.

Традиционалното урбанистичко планирање не било можно, па градот прераснал во повеќеслоен лавиринт. За туристите, па дури и за некои локални жители (од 32 милиони луѓе што живеат таму), истражувањето на Чонгкинг и „губењето“ по неговите улици се најголемите атракции.












