Се ближи датумот на отворање на на најголемата изложба на Да Винчи, но една голема мистерија ни авторите не успеале да ја решат

Точка

20/10/2019

13:31

2.511

Големина на фонт

а а а

Најголемата изложба на делата на Леонардо да Винчи ќе биде отворена во францускиот музеј Лувр по повод 500 години од смртта на уметникот, но иако датумот на отворање се ближи, една работа е под знак прашалник.

Најголемиот настан во светот на уметноста во последниве неколку години привлече големо внимание во јавноста, па на 24-ти октомври на изложбата ќе можат да присуствуваат само оние кои навреме си резервирале карти.

Тоа ќе биде за првпат на едно место да се најдат толкав број на слики, скици и цртежи од ренесансниот гениј. На родната Италија на да Винчи ѝ помогнала Франција во подготовките.

Меѓутоа, уметничкиот свет и понатаму шпекулира дали „Спасиетелот на светот“, најскапата и најконтроверзна слика на светот ќе се најде на изложбата.


Вредноста на “Спасителот на светот“ вртоглаво пораснала од 1.175 долари на 450 милиони.

Сликата, некое време, како што се верува била дел од колекцијата на англискиот крал Чарлс и потоа од историската архива исчезнала кон крајот на 18-от век. Потоа во 19-от век се појавила во збирката на еден британски идустријалист.

Сликата во 1958-та година била продадена во вреднсот од 1.350 милиони долари, а во 2005-та година на аукција во Њу Орлеанс за 1.175 милиони долари. Новите сопственици, Роберт Сајмон и Александар Периш, ја однеле сликата кај Дајана Модестини. Таа ги отстранила сите дополнителни слоеви, по што било утрвредно дека ја насликал Да Винчи.


Меѓутоа, експертите за уметност од светот, минатите месеци пробале да решат уште една загатка - каде се наоѓа најскапата слика на светот?

“Њујорк Тајмс“ откриваат дека на аукција во 2017-та година за рекордни 450 милиони долари ја купил застапник на саудискиот принц Мухамед бин Салман. Потоа се појавиле извештаи дека сликата “среде ноќ“ била преместена кај престолонаследникот на суперјахтата “Серена“.

Од Лувр ја барале сликата на позајмица, но сепак се појавиле и гласини дека сликата воопшто не е дело на Да Винчи туку на неговиот помошник.




Спонзорирани линкови

Маркетинг