Дали претераа? Дебитираше џипот со најголемиот екран досега

Точка

16/09/2019

21:51

10.240

Големина на фонт

а а а

Се чини дека во автомобилската индустрија денес се поважни инчите, отколку коњските сили.

Деновиве беше претставен Byton, поточно M-Byte - кинески џип кој што моментално го има најголемиот екран на контролната табла на пазарот. Ова е првиот сериски автомобил со дигитален кокпит од неверојатни 48 инчи, наскоро ќе започне производството, а Кинезите ќе го продаваат и во Европа.

Кинескиот стартап планира првите примероци на купувачите да им ги достави на половината од 2020-та година на домашниот пазар, а неколку месеци подоцна M-Byte ќе пристигне и на европскиот пазар. Првите нарачки од Европа ќе започнат да се примаат во текот на идната година.


M-Byte моментално е во трка со времето, со оглед на тоа што фабриката во Нанџинг се уште не е довршена, а досега компанијата добила дури 50 илјади резервации.

Ваквиот интерес вооошто не треба да зачудува затоа што овој џип на хартија нуди многу. Освен огромниот екран ќе има и уште два дополнителни екрани од 7 и 8 инчи, а мултимедијата вклучува гласовни и команди со гестови.


Основната верзија има електромотор кој испорачува 272 коњски сили и е сместен на задната осовина, а батериите со капацитет од 72 kWh нудат автономија во возењето до 360 километри.

Постои и 4WD верзија со два електромотори (вкупна сила од 408 коњски сили) и батерии со капацитет од 95 kWh кои овозможуваат автономија од 435 километри со едно полнење. И секако, ги поддржува сите полначи, вклучувајќи го и полначот од 150 kW.


Според првичните информации, цената на M-Byte на европскиот пазар ќе изнесува околу 45 илјади евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг