По скандалот во 2015 година, “порно учителката” е отстранета и од скопското основно училиште

Точка

03/09/2019

22:07

26.929

Големина на фонт

а а а

“Учителката е избркана од училиштето во Куманово заради објавување на експлицитни фотографии и видеа. Изгуглајте – Учителката од Куманово” – вака гласи пораката од анонимен испраќач со која биле алармирани родителите на децата од основното училиште “Лазо Ангеловски” од скопската населба Аеродром.

Учителката веќе една година работела како замена во училиштето, а родителите велат дека оваа вест е вистински шок за нив пред почетокот на учебната година. 


Загрижените родители се обратиле до директорот на училиштето, Перо Арсеновски, а тој им одговорил дека нема време да се занимава со тоа. Откако не наишле на разбирање кај Арсеновски, родителите веднаш се упатиле во Општина Аеродром, каде барале средба со градоначалникот Златко Марин, наведува Алфа телевизија.

Додека биле во исчекување дали педагогот на паралелката во скопското основно училиште ќе биде заменет со нов, еден од родителите дознал дека децата имаат нова наставничка која во краток период била известена дека ќе го преземе раководството на одделението.

Ваквата афера ја потврдуваат и надлежните од основното училиште “Кочо Рацин” во Куманово, од каде наставничката си дала отказ уште во 2015 година поради објавување на експлицитни фотографии на својот Фејсбук профил.


Засега останува прашањето дали и колку надлежните институции водат грижа за наставниот кадар кој работи со малолетни деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг