„Кој ќе ми плати пиво да му ја кажам вистината?“: Соседите на осомничениот за убиството на Данка Илиќ тврдат дека неговиот татко изговара скандалозни зборови

Точка

25/04/2024

21:41

10.381

Големина на фонт

а а а

Душан Јанковиќ, таткото на осомничениот Срѓан Јанковиќ за убиството на малата Данка Илиќ, го искористил правото во Зајечар пред обвинителот да не го изнесе својот исказ за случајот за убиството на Данка во кое второосомничен е неговиот син Срѓан.

Тој, како и мајката на Дејан Драгијевиќ, Светлана, вчера одбил да даде изјава во обвинителството, пренесува српски „Курир“.

Инаку, од селото Лука кај Бор од каде што е Срѓан Јанковиќ во обвинителството сведочеле и познаници и соседи, но и колеги на Јанковиќ и Драгијевиќ.


Во селото сѐ уште не сакаат да се изјаснат жителите, што всушност мислат за овој мистериозен случај, убиство на едно дете.

Некои од соседите велат дека Срѓан, доколку навистина направил такво нешто, треба да биде во затвор до крајот на животот, додека пак други мислат дека додека не се најде детето не може никој да биде обвинет.

„Таткото на Срѓан, Душан, и натаму мисли дека станува збор за наместен случај и дека неговиот син не е виновен“, изјавил еден од жителите на селото, па додал:

„Нормално се однесува, доаѓа во градината, секој ден бере трева за стоката, но исто така седи и пред селската кафеана и пие пиво. Како да не станува збор за мало дете за кое родителите не знаат ништо. Како настрадало и каде му е телото“, објаснила сосетката.


Според нејзините зборови, Душан понекогаш знае и да се пошегува:

„Велат дека доаѓа и зборува: Кој ќе ми плати пиво да му ја кажам вистината? Нему му е до шега, а ќе заборави како му изгледа сопствениот син“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг