Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка: Поддршка на населението и бизнисот, одговорно и одржливо работење

Точка

26/04/2024

15:39

643

Големина на фонт

а а а

НЛБ Банка успешно го заврши првиот квартал од годината со нето добивка од 678 милиони МКД. Во периодот 01.01.2024 до 31.03.2024 година, Банката продолжи да испорачува кредитна поддршка за населението и бизнис секторот, зголемувајќи го пласманот на вкупните кредити и обезбедувајќи раст од 7,0% во овој сегмент, споредено со истиот период претходната година. И вкупните депозити споредно со истиот период претходната година, бележат зголемување за 5,3%.

Успешните резултати на Банката се должат на континуираните продажни активности на кредитните продукти со посебен фокус на домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија, како и зголемениот број на корисници на платните сервиси.

Во првиот квартал од годинава, НЛБ Банка реализираше низа проекти и активности од областа на општествената одговорност, продолжувајќи ја поддршката кон заедницата, ранливите и маргинализирани категории. Во споменатиот период, НЛБ Банка донираше медикаменти за Центарот за бездомни лица на Црвениот Крст на Град Скопје во Момин Поток, како и средства за набавка на медицински апарати за домашна употреба за пациентите со цистична фиброза во рамките на своето патронство над Асоцијацијата за цистична фиброза, а обезбеди и донација за реновирање на читална во Националната универзитетска библиотека. Во првиот квартал НЛБ Банка го формализираше и своето членство во „Клубот на одговорни бизниси“ во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, спроведуван од асоцијацијата „Конект“, потврдувајќи ги своите заложби за одржливост, етичко деловно работење и грижа за заедницата.

НЛБ Банка, и натаму ќе продолжи да биде поддршка на населението и бизнис секторот во земјата, давајќи притоа значаен придонес во макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата. Во фокусот на работењето на Банката, како и до сега, се унапредување на дигиталните канали во насока на зголемување на дигиталната пенетрација на клиентите, унапредување на клиентското искуство, проширување на портфолиото на производи и услуги со посебен акцент на „зелените“ продукти, како и на општествено одговорни проекти за грижа за своите вработени и заедницата во целост.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг