На Токсикологија поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ, штетата дополнително ќе се утврдува: Се огласи министерот Демири

Макфакс

26/04/2024

15:45

1.437

Големина на фонт

а а а

Синоќа пукнала парна цевка на Клиниката за токсикологија при Клинички центар и час и половина течела вода од радијаторот, по што просториите на третиот кат биле поплавени, но водата продолжила да тече надолу кон подрумот.

За ваква несреќа пред неколку дена предупредил вработен на Клиниката за токсикологија, кој преку допис упатен до Слободен печат предупредил дека Клиниката за токсикологија не е осигурана. Според информациите на медиумот, медицинскиот директор д-р Данил Петровски се потпишал на клиниката да биде осигурана, но економскиот директор Бесија Иљази не го дала обврзувачкиот потпис за решението, па клиниката не е осигурана.

„Клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапа медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в.д. месеци, иако за Тоа сме обврзани со закон“, се вели во реакцијата на вработените во Токсикологија.


„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако вчера имаше хаварија со цевката за парно.

„Клиничкиот центар има заеднички служби кои се наменети за тоа, тоа им е примамрна обврска да се грижат за Клинички центар и за сите хаварии што можат да се случат. Хаваријата со цевката за парно е санирана уште вчера од страна на заеднички служби“, рече Демири.

Дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на Клиниките кои морам да ги проверам, додаде министерот.

Во однос на болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири кажа дека има една голема неправда направена на Токсикологија, а тоа е необезбедување на согласност од страна на менаџментот на таа институција за обезбедување договори за 18 вработени кои се дел од медицинските процедури, кои веќе 4 месеци служат на таа институција, а не добиваат никаква економска надокнада.


„Во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниту една законска процедура, чекам да дојде извештајот на Инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на 5 дена менаџментот да најде решание за 18 луѓе кои работат, а не добиваат надокнада. Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири.

На новинарско прашање, министерот одговори дека економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката.

„Не се точни наводите дека доаѓала на работа по четири саати, според моите сознанија“, додаде Демири



Спонзорирани линкови

Маркетинг