Љубомир Спасиќ: Предизвик ми е овој успех да го повторам на светско ниво

Точка

22/08/2019

11:19

6.721

Големина на фонт

а а а

„Започнав со кајакарење во далечната 1999 година и чувството кое го почуствував на првиот тренинг и самата средина во која се наоѓаш е многу поразлична од другите спортови. Кајакот е спорт во природа и секој натпревар и подготовки се одвиваат на различни терени што и самото тоа придонесува да никогаш не ми биде здодевно за време на обавување на тренинзите и натпреварите и секогаш посакуваш да се најдеш на некоја нова патека“ –раскажува за Точка, европскиот првак во кајак, велешанецот Љубомир Спасиќ.

Со која динамика се одвиваат тренинзите за да се постигне посакуваниот резултат?

- Тренинзите ги обавувам со доста голем интензитет во зависност од натпреварите за кои се подготвувам.Но, воглавно во текот на една седмица имам 15 тренинга односно од 2 до 3 тренинга дневно кои се состојат од тренинзи на вода, трчање и фитнес вежби.

Колку време и како течеа подготовките за Европскиот куп? 

- Со оглед на густиот календар на натпревари од страна на светската кајакарска федерација и онака долгата и исцрпувачка сезона подготовките ги започнав минатата година во ноември во Македонија. Подоцна кон крајот на февруари заминав на подготовки во Шпанија, со хрватската и словенечката репрезентација. 


Каде се одржуваше Европскиот куп, колку учесници имаше, единствен претставник ли беше од Македонија?

- Европските купови се одржуваа во шест различни држави на кои еден од нив Македонија беше домаќин. Останатите пет натпревари се одржаа во Словенија, Германија, Шпанија, Италија и финалето се одржа во Чешка. 

На овие натпревари учество земаа повеќе кајакари од нашата држава од кои како нај успешен настап би ги издвоил настапите на Александар Златаров кој се пласираше на 4-тата позиција.

На овогодинешните Европски купови учество земаа 200 натпреварувачи од 16 земји.

Бенефит од кајакарењето и колку време кајакариш професионално? 

- Најголем бенефит од кајакарењето ми е одржување на здрав живот, спортски дух и секако стекнување на нови пријателства и одржување на старите. 

Од 2015 година, па се до денес од кога започнав да се натпреварувам на европските купови на кои за 2015 год. бев 9-то пласиран, 2016 год. 4-то пласиран, 2017 год. 5-то пласиран, 2018 год. 6-то пласиран и за да оваа година конечно успеам да бидам освојувач на овогодинешните европски купови кои беа најбројни до сега со најголем број на учесници.

Негативно искуство?

- Негативно искуство ми е борбата за одржување во овој спорт започнувајќи од менување на моделите на спортската опрема во конкретниот случај на чамци и весла, а исто така и можноста за учество на претстојните натпревари како временски така и финансиски.

Има ли Македонија услови за кајакарење? 

- Македонија изминатиот период се покажа како добар домаќин во организација на Европски првенства за младинци и сениори во спуст и слалом. Сметам дека ние како држава сме доста богати со реки и езера кои се уште ги немаме искористено во целост за развој на кајакарскиот спорт.

Се вложува ли во овој спорт?

- Овој спорт моментално е доста популарен ширум светот со земање на активно учество на голем број на аматери. Во нашата држава кајакарската федерација на Македонија како директен покровител со членките клубови во неа организира и кајак кампови за промоција на овој спорт. Сметам дека покрај спортскиот дел имаме и недостиг од финансиски средства и мислам дека приватниот сектор треба да се вклучи активно со донации и спонзорства.

Предизвик?

- Предизвик во наредниот период ми е да успеам да го повторам овој успех и секако да пробам и на светско ниво да дојдам до овака голем и историски успех.

(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг