Остварено уште едно предвидување на Симпсонови? Одамна најавиле дека Трамп ќе се обиде да го купи Гренланд

Точка

22/08/2019

10:06

1.977

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп, планира да го купи Гренланд. Иако овој остров, како и Данска која има контрола на таа територија, навеле дека Гренланд не е на продажба, Трамп не сака да се откаже.

За сè да биде уште поинтересно, оваа идеја не е нова, а многу корисници на социјалните мрежи тврдат дека анимираната серија Симпсонови уште еднаш ја предвидела иднината – во една од своите епизоди ја најавила можноста за купувањето од страна на Трамп. 

Симпсонови веќе долго време низ годините се познати по своите предвидувања. На пример, тие знаеле дека Доналд Трамп ќе стане американски претседател, а дури и предвиделе како ќе изгледа знамето на сириската опозиција.


Сепак, тешко е сите да се сеќаваат на секоја од 662-те епизоди. Меѓутоа, американскиот сенатор од Конектикат, Крис Марфи, тврди дека во една епизода од 1995 година се споменува токму ваквата идеја на Трамп.

“Малку познат факт: моментално најважната вест на “CNN”, “Претседателот Трамп ја одложи посетата на Данска откако премиерката одбила да го продаде Гренланд на САД” беше во една епизода на Симпсонови во 1995 година”, напишал тој.

Сепак, по неколку проверки поединечни фанови утврдиле дека тоа не е всушност точно. Додека се случувало Господин Брнс да размислува за купување на цела Куба, а самото семејство Симпсон посетило неколку земји, добрите познавачи на приказната велат дека епизодата која го поврзува Трамп и Гренланд никогаш не била емитувана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг