Никогаш крај за мистериите: Милијардерот педофил напишал тестамент два дена пред смртта, а во него се споменува и Борис Николиќ! Еве што бара од него

Точка

21/08/2019

21:11

5.882

Големина на фонт

а а а

Водечките светски медиуми пренеле дека Џефри Епстајн, милионерот обвинет за педофилија, оставил тестамент само два дена пред да биде пронајден обесен во затворска ќелија во Њујорк. За целата работа дополнително да добие на мистериозност, во тестаментот се нашле имиња на луѓе кои, судејќи по се, тоа најмалку го очекувале.

Иако овие денови многу се пишувало за познанството на Џефри Епстајн со Бил Гејтс, веста за тоа дека името на неговиот некогашен советник се нашло во тестаментот на покојниот милионер, дополнително ја заинтригирало светската јавност. За приказната да биде уште поинтересна, станува збор за Борис Николиќ, имунолог од Харвард, кој, како што стои во неговата богата биографија, завршил Медицински факултет во Загреб. Работел како научен советник за Бил Гејтс и неговата фондација. 

Борис Николиќ, како што наведуваат странските медиуми, во тестаментот е именуван за резервен извршител, во случај адвокатите на Епстајн Дарен Индајк и Ричард Кан да не бидат во можност да ја испочитуваат последната желба на својот работодавец и неговиот личен имот да го отстапи на мистериозен ентитет со име "1953 Thrust".

Николиќ наводно бил шокиран од ова сознание и не сакал да ја прифати работата која му била доверена.

"Никој не ме консултираше и воопшто немам намера да го исполнам тоа што се бара од мене", рекол некогашниот советник на Бил Гејтс за "Bloomberg".

Портпаролката на Николиќ изјавила дека не знае зошто Џефри Епстајн го навел имунологот за резервен извршител и дека покојниот милионер не вложувал во истражувањата на Николиќ.

Сепак, никој не може да ги оспори заедничките фотографии на Епстајн, Борис Николиќ и Бил Гејтс од 2013-та година.

Во тестаментот, кој прв го открил New York Post, се зборува за имотот од 577 милиони долари на Епстајн, кој на почетокот на јули бил обвинет за педофилија и подведување на малолетнички.

Резултатите од обдукцијата покажале дека причината за смртта на милијардерот Џефри Епстајн е самоубиство со бесење, рекла во саботата портпаролката на канцеларијата на шефот на патологија на градот Њујорк, Аја Ворти Дејвис.

"Washington Post" ден претходно објавил дека аутопсијата покажала дека вратот на Епстајн бил скршен на повеќе места.

Во обвинението кое го товари Епстајн е наведено дека тој намамил десетици малолетнички во својата луксузна куќа и им плаќал за сексуални услуги.



Спонзорирани линкови

Маркетинг