Работничка на аеродром му дала порака на патник, па била експресно отпуштена: Кога видел што му порачала, веднаш ја пријавил

Точка

19/08/2019

20:54

11.013

Големина на фонт

а а а

Работничка во обезбедувањето на њујоршкиот аеродром добила отказ бидејќи на еден патник му дала со рака напишана порака - "Грд си".

Инцидентот се случил во јуни, но за него се дознало оваа недела, кога патникот Нил Страснер ја добил снимката од надзорните камери и ја поставил на ЈуТјуб. 

На снимката од меѓународниот аеродром "Грејтер Рочестер" се гледа како работничката на обезбедувањето му дава ливче на Страснер, откако минал низ детекторот за метал.

Страснер вели дека во тој момент не размислувал на пораката и дека продолжил кон излезот, но работничката викнала по него: "Ќе сакаш ли да ја прочиташ пораката?".

Кога го направил тоа, таа почнала да се смее, а тој подоцна се пожалил на нејзиниот супервизор. Службата за сообраќајна безбедност соопштила дека жената работела како припадник на обезбедувањето по договор, и истакнала дека има нулта толеранција за таков вид на однесување на вработените.



Спонзорирани линкови

Маркетинг