Родена без раце и нозе: Шие и продава торби, учи да вози, готви...

Точка

17/08/2019

16:12

1.934

Големина на фонт

а а а

Дека границите не постојат докажува и оваа Американка која е родена без екстремитети. Таа не дозволила нејзината состојба да влијае и на нејзината самостојност – готви, пишува, фотографира, шие, учи да вози...

37-годишната Ејми Брукс од Питсбург е родена со конгенитална тетрафокомелија – вродена маана која ги погодува сите четири екстремитети. 

“Работите морам да ги правам поинаку од некој кој е потполно способен, но сепак можам да ги правам”, вели Ејми.

Таа тврди дека ги стекнала своите способности, благодарение на љубовта од семејството кое ја посвоило и секогаш ја поддржувало.

“Докторите на почетокот се сомневаа дека ќе бидам независна, но моите родители не го прифатија тоа”, додала таа.

Нејзините биолошки родители ја напуштиле набрзо по раѓањето. Толку претерале, што од персоналот во болницата побарале да ја сместат во соба и не ја хранеле. За среќа, речиси веднаш ја посвоило семејството Брукс.

Иако на Ејми ништо не ѝ лесно, со текот на годините станувала сè понезависна и сега учи да вози. Таа го води својот сопствен Јутјуб канал “How Does She Do It” на кој на своите следбеници им покажува како успева да ги изврши секојдневните задачи без екстремитети.

“Јутјуб каналот не беше нешто што сакав да го направам, бидејќи мислата да стојам пред камера ми е застрашувачка, но сметав дека тоа е единствениот начин како да допрам до другите“, вели Брукс.

Сите нејзини видеозаписи се произведени во сопствена продукција бидејќи Ејми е во состојба да ја намести видео опремата без ничија помош.

“Не знам дали би се нарекла фотографка, но сакам да фотографирам, за сè ги користам устата, брадата и рамената”.

Иако Ејми признала дека добива грди коментари на социјалните мрежи, повеќето повратни информации кои ги добива се позитивни :

“Се сосредоточувам само на оние позитивните, бидејќи обрнувањето внимание на негативното носи само повеќе негативност, а тоа е губење на здивот и времето, да бидам искрена”, вели таа.

Откако во 2014 го напишала првиот дел од својата автобиографија, Ејми станала мотивационен говорник.

“Обожувам што можам својата приказна да ја споделам со други, не затоа што чувствувам дека правам нешто големо, туку затоа што верувам дека мојата порака е важна за другите луѓе, дека сме овде со причина и дека секој од нас има цел”, истакнува Ејми.

Нејзиното најголемо досегашно постигнување е шиењето. Мислела дека тоа нема да може да го прави, за неа тоа е екстремен предизвик, но ужива во шиењето чанти кои ги продава по пат на Фејсбук.

Нејзините родители секогаш ја охрабрувале да биде самостојна, но никогаш не мислеле дека ќе стигне толку далеку.

“Не сакав да го помине животот на перница, но никогаш не ни сонував дека ќе биде волку независна и дека ќе може да ги прави сите овие работи”, истакнала нејзината мајка Џенет, пренесува “DailyMail”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг