[ФОТО] Во ултракратки шорцови го привлекла целото внимание: Славната русокоса уште еднаш покажала беспрекорен стил

Точка

20/06/2026

13:09

655

Големина на фонт

а а а

Британската манекенка и поранешен ангел на „Викторија Сикрет“, Роузи Хантингтон Вајтли блеснала на промоцијата на книгата „The Book of Magical Living“ од авторката Попи Џејми, која се одржала во лондонската населба Саут Кенсингтон.

Со елегантниот летен стајлинг ги привлекла погледите на присутните, а друштво ѝ правела нејзината долгогодишна пријателка и колешка Попи Делевињ.

Минимализам со доза сексапил

За вечерното дружење, Роузи избрала кратки црни шорцови со кои ги истакнала осончаните нозе, а ги комбинирала со предимензионирано црно сако. Модната комбинација ја заокружила со проѕирни сандали со црни врвки што се обвиткуваат околу нозете и големи очила за сонце.


Косата во медена нијанса и била пуштена, а шминката ненаметлива. Сепак, нејзините усни во нуд нијанса, нагласени со молив и кармин во природни тонови, дополнително го надополниле софистицираниот изглед.


Тајната на самодовербата

Иако често се наоѓа на листите на најдобро облечени ѕвезди, Роузи истакнува дека вистинската самодоверба се гради однатре. Во разговор за австралискиот „Вог“ открила дека нејзината мајка уште од мала ја учела да се грижи за себе, пред сè преку здрава рутина и ментална рамнотежа.


„Секогаш се обидувам да најдам време за одмор, секојдневно да се движам и да бидам нежна кон себе“, изјавила таа.

Таа додала дека тренингот со тегови ѝ дава најголемо чувство на сила и самодоверба.


„Најдобро се чувствувам кога тренирам со тегови. Забележав разлика во држењето на телото, тонусот и дефиницијата на мускулите. На секоја жена би ѝ препорачала да се обиде. Не станува збор само за изгледот, туку и за чувството на сила и самодоверба“, истакнала таа.


Семејството пред сè

Кога не присуствува на модни настани, Роузи е посветена на семејството. Со актерот Џејсон Стејтам го има синот Џек (8) и ќерката Изабела (4).

Парот се запознал на забава во Лондон, а се свршиле во 2016 година. Сепак, и покрај долгогодишната свршувачка, сè уште не застанале пред олтар. Манекенката претходно објаснила дека свадбата не им е приоритет, бидејќи во изминатите години биле фокусирани на работата и на воспитувањето на децата.


„Ќе дојде време и за тоа. Среќни сме вака како што сме, а кога децата малку ќе пораснат, ќе биде уште поубаво и тие да бидат дел од нашиот голем ден“, изјавила таа во едно од претходните интервјуа.