Маја Грозадановска Панчева на незаборавно патување со ќерка ѝ Надица

Точка

15/07/2019

11:03

6.877

Големина на фонт

а а а

Брисел, Берн, Париз, Цирих, прекрасни пејсажи, незаборавно патување, а сето тоа може да се доживее ако патувате со автомобил. Мајка и ќерка на патување чија крајна цел е концерт на “One Direction”.

Ветувањето е ветување, а ако додадеме и мајка со изострен крутериум за музика која и самата е музичките води, многу лесно е да се тргне на овој пат. Вие само уживајте во споделеното искуство за Точка. 

Кои земји ги посетивте пред да стигнете на концерт на „One Direction”? 

- Тргнавме од Брисел со кола за Берн, а по пат најпрво влеговме во Франција, потоа Швајцарија и по пат поминавме низ прекрасни планински пејсажи кој ни останаа во сеќавање. После неколку часа стигнавме во Берн на долго очекуваниот концерт на „One Direction“, на кој што ѝ ветив на ќерка ми дека ќе ја носам.



Што ви остави најголем впечаток во Брисел, каде отседнавте?

- Во Брисел останавме кај нашите добри пријатели, Људмила и Љупчо Михајлови со кого што се договорив децата да ги носиме заедно на концерт. Морам да кажам дека двата слободни дена кој ги имавме во Брисел, ги искористивме за прошетка низ Белгија.Посебен впечаток ми оставија градовите Остенде со своите плажи и прекрасниот песочен град и убавиот Бриж со своите канали и многубројни мостови.


Каде се одржа концертот, по што ќе го паметите?

- Концертот се одржа на градскиот стадион во Берн каде што имаше повеќе од 30.000 посетители. За време на концертот се случи нешто интересно кога на средина на концертот се споија небото и земјата и имаше големо невреме. Концертот продолжи уште некое време, но на крај мораше да биде прекинат, инпознатата група не успеа да го изведе целиот свој репертоар. На сите им беше криво за прекинот поради силното невреме, но морам да кажам дека и тие два часа колку што поминавме на концертот беа возбудливи и незаборавни. Полни со впечатоци заминавме во хотел на заслужен одмор.


На пат за назад, не заобиколивте значајни туристички атракции?

- Утредента тргнавме назад, влеговме и во Германија, го посетивме градот Трир, родното место на Карл Маркс и по неколку часа се вративме во Брисел. Имавме уште еден слободен ден кој го искористивме за прошетка до Париз, со брзиот воз кој стигнува за неполни два часа.


Прошетавме до Лувр, Ајфеловата кула, Мон Мартр и уште неколку познати места, колку што нѝ дозволуваше времето. Вечерта се вративме, а утредента веќе бевме назад во Скопје.

(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг