Новинарка со елегантен потег спречила маж да ѝ влезе во кадар, нејзината реакција веднаш станала хит

Точка

12/07/2019

12:42

5.381

Големина на фонт

а а а

Снимката од една новинарка станала хит на социјалните мрежи откако таа со елегантен потег спречила постар маж да ѝ влезе во кадар додека известувала за несреќа.

Дарла Мајлс од њујоршката телевизија “ABC7” само ја работела својата работа – таа известувала пред Пристанишната управа на Њујорк за несреќата која се случила во Њу Џерси. 

“Ќе има голем метеж додека не се заврши целата ситуација”, говорела Мајлс. Но, во тој момент еден маж почнал да оди кон неа, но таа не му дозволила да се испречи помеѓу неа и камерата.

Раката на новинарката била брза и ефикасна, а корисниците на социјалните мрежи се воодушевени од нејзината професионалност. Многумина забележале дека таа дури не ни погледнала во неговиот правец, а своето известување не го запрела ни на секунда.

“Обидете се да бидете добри во сè што правите како Дарла Мајлс”, напишал еден корисник на Твитер. “Таа го видела мажот без да се сврти”, додал друг.

Некои се шегувале и дека ваквите работи не се учат во текот на студирањето, а Марла го потврдила тоа.

“Ваквите рефлекси доаѓаат по 10-годишно известување за злосторства во Њујорк”, се пошегувала самата новинарка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг