Носталгија на 30°C: Вака изгледаше летувањето во поранешна Југославија

Точка

04/07/2019

09:44

5.037

Големина на фонт

а а а

Немаше клима уреди ниту во кафулињата, ниту во изнајмените соби, ниту во автомобилите. Освежувањето во возилата настапуваше евентуално кога ќе ги спуштевме прозорците, онака механички, а нашата мајка од совозачкото седиште нѝ даваше сок или вода.

Јадевме сендвичи при патувањето и се веселевме на моментот кога ќе го здогледавме морето од далечина.

Опремата за на плажа беше неспоредливо поквалитетна од денешната, за што сведочи и фактот дека некои од работите траеја и по 10 години. Во морето многумина влегуваа со посебни гумени сандали, а на плажа се носеше и пренослив фрижидер. 

Некои велат дека секој просечен Југословен беше сличен на денешниот Чех, а некои со носталгија се присетуваат и на живата музика од хотелските тераси кои беа средиште на случувањата и добрата забава. 

За таа цел, денеска ви претставуваме галерија која веднаш ќе ве врати во некое дамнешно лето. На Фејсбук страницата “Ретротека” можат да се погледнат многу летни фотографии од поранешната Југославија, а еве и дел од нив:





Спонзорирани линкови

Маркетинг