Колку македонските граѓани се задоволни од животот? Објавена листата на најсреќни земји на светот

Точка

18/06/2019

15:49

2.627

Големина на фонт

а а а

На листата на најсреќни земји на светот, Финска повторно го зазеде првото место додека од земјите во регионот најдобро пласирана е Словенија, на 44-то место, па Србија на 70-то место.

Резултатите од испитувањето на нивото на среќа се објавени на страницата “World Happiness Report”, а зад Финска следуваат Данска, Норвешка, Исланд, Холандија, Швајцарија и Шведска. 

Од земјите во регионот, Словенија е на 44-то место, Србија на 70-то, Црна Гора на 73-то место, Хрватска на 75-то и Босна и Херцеговина на 78-то место. Македонија се најде на 84-то место.


Унгарија е на 62-то место, Грција на 82-то, Албанија е на 107-то место, додека за едни од посреќните земји се сметаат Нов Зеланд (8), Канада (9), Австрија (10), Австралија (11) и Луксембург (14). Велика Британија, Германија и Франција се наоѓаат на 15, 17 и 24-то место, Русија на 68-то, а САД на 19-то место.

Најлошо рангирани земји се Јужен Судан (156), Централноафриканска Република (155), Авганистан (154), Танзанија (153), Руанда (152) и Јемен (151).

Листата на најсреќни земји се прави врз основа на тоа колку граѓаните на една земја се задоволни од своите животи. Исражувањето го спроведува мрежата на Обединетите Нации за одржливи развојни решенија во соработка со фондацијата Ернесто Или, а го спроведува група независни експерти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг