Книгата за брендот "Bentley" поскапа од автомобилот

Точка

17/05/2019

20:48

3.442

Големина на фонт

а а а

"Bentley" својот 100-ти роденден ќе го одбележи со суперлуксузна книга за историјата на оваа компанија, која ќе се печати во мала серија, а најекскузивната варијанта ќе биде украсена со дијаманти.

Легендарниот британски произведувач на луксузни автомобили оваа година одбележува еден век постоење, а освен ексклузивни јубилејни серии на некои модели, "Bentley" за колекционерите и сопствениците на возилата од таа марка подготвил уште едно изненадување. 

Станува збор за специјална книга од повеќе од 800 страни, тешка дури 30 килограми, која ги покрива првите 100 години на компанијата. Вљубениците во "Bentley" тука ќе пронајдат се за автомобилите и луѓето кои го облежале векот од постоењето на овој бренд.

Во понудата ќе се најдат три верзии на книгата во ограничени тиражи.

"Centenary Edition" ќе биде печатена во вкупно 500 примероци, а купците ќе можат да бираат меѓу 4 достапни бои на корици, изработени од истата кожа која се користи за ентериерот на автомобилите.

Уште поексклузивна е верзијата наречена "Mulliner Edition", со оглед на тоа дека ќе биде испечатена во само 100 примероци.

Оваа варијанта на книгата ќе може да се нарача во една до 17 нијанси на луксузна кожа, а ќе биде спакувана во украсна кутија изработена од алуминиум од кој "Bentley" ги прави деловите од своите мотори.

Посебен куриозитет е што делови од внатрешноста на кутијата се обложени со гума од пневматиците на моделот "Bentley Speed 8", победник во Ле Ман во 2003-та година.

За купувачите на ова издание обезбедена е и бесплатна тура низ фабриката во која се прават автомобилите.

На првата страна на секоја од книгите од изданијата "Centenary Edition" и "Mulliner Edition" ќе биде испечатена фотографија од купецот со својот "Bentley" и основни информации за сопственикот, па практично секој примерок на книгата ќе биде уникатен.

На крајот, "Bentley" предвидел и ултралукузна варијанта на книга која ќе биде печатена во само 7 примероци.

Ова издание е наречено "Carat Edition", а ќе биде украсено со дијаманти и ќе чини дури 260.000 долари, што повисока цена од некои модели на тој британски произведувач.




Спонзорирани линкови

Маркетинг