Таа е брутално искрена и 24.00 луѓе и се заблагодариле за тоа на Инстаграм. Познатата американска комичарка Ејми Шумер неодамна станала мајка и објавила неколку фотографии за тоа.
37-годишната комичарка Ејми Шумер и 39-годишниот готвач Крис Фишер станале родители на ист ден како и принцот Хари и Меган Маркл.
И додека кралскиот пар објавува професионални фотографии од своето бебе, а Меган пред медиумите, два дена по породувањето, застанала дотерана, смирена и насмеана во Виндзор, Ејми ја покажува реалната слика за состојбата на новопечените мајки.
Таа оди и чекор понапред и малку го згрозува светот со својата искреност. Додека нејзините фотографии на прва можеби изгледаат и брутално искрени, на крајот имаат по два и пол милиони лајкови. Светот е сепак зрел за голата реалност.
На последната фотографија Ејми во еден по полноќ седи намуртена, во широка ноќница. Косата и е несредена и прима инфузија.
На нозете има дебели чорапи со бели детали. Пред неа се гледа друга жена која држи бебето, а таа во позадина изгледа како да во "вонтелесна" состојба.
И тоа е таа фотографија со која можат да поистоветат повеќето жени.
Повеќето жени сепак изгледаат како Ејми на оваа фотографија, и таа реална слика за жените сигурно повеќе помага од идиличните, наместени пози од совршени и среќни жени со нивните преслатки бебиња во рацете.
Затоа има и толку многу коментари на објавите на оваа новопечена мајка.
"Така изгледа тоа, да", "Покажи им ја на сите вистинската слика", "Ти благодарам што ги прикажуваш работите какви што се"...стојат речиси 25.000 вакви и слични коментари. Дури и Орландо Блум оваа нејзина објава ја прокоментирал со емиотикон кој гори.
И во текот на бременоста Ејми Шумер не криела дека има тешки мачнини и дека неколку пати завршила во болница на инфузија. Патела од "Hypermesis gravidarum" и морала да ја откаже турнејата која ја започнала.