Градот го основале германски имигранти кои дошле во Венецуела во 19-тиот век.
Древните плажи, зеленилото и магичните Ангелски водопади, се симболи кои најчесто се поврзуваат со Венецуела. Меѓутоа, во близина на северниот брег на оваа јужноамериканска држава, се наоѓа место кое ќе изненади многу патници.
Ла Колонија Товар, изолиран мал град, се наоѓа во венецуелските шуми, а личи на традиционално германско планинско село.
Брдестите патишта се поврзани со куќи кои имаат дрвена градба, исфарбани се во бела боја, а знаците на патот, испишани на шпански јазик, ја покажуваат насоката кон оваа германска дестинација.
Како што пишува "Daily Mail", во рестораните дури и храната е германска, па ќе најдете Шварцвалд торта, колбаси или пита со јаболка.
Во градот постои и пивница која прави пиво по старите баварски правила и тоа за Октоберфест.
Овој мал град е дом за околу 16.000 луѓе. Иако првиот впречаток е дека нема далечна историја, неговите жители кои, кои го истражувале своето потекло, велат дека историјата на градот оди до 1843-та година.
Групата имигранти од областа околу Шварцвалд во Германија го основала Ла Колонија Товар на 8-ми април. На тој ден секоја година се организира славје.