Селена Гомез во првото интервју за оваа година: "Не сакам кога ми кажуваат дека сум убава"

Точка

25/04/2019

16:08

2.652

Големина на фонт

а а а

Селена Гомез изминатите неколку месеци се повлече од јавноста и сè помалку беше присутна на социјалните мрежи. Тоа ја чинеше титулата за најследена личност на Инстаграм која ја презеде Кристијано Роналдо, а според бројот на следбеници ја престигна и пејачката Аријана Гранде.

Но, сега после долго време го прекина своето молчење и го даде своето прво интервју во оваа година за подкаст емисијата "Dream It Real" од брендот Couch со кој соработува со години и каде отворено проговори за своето ментално здравје, односот кон социјалните мрежи и својот "имиџ" во јавноста. 

"Ова често го повторувам, можеби и премногу често, но навистина мислам дека луѓето не ме познаваат, бидејќи понекогаш изгледа како да мислат дека сè што ќе кажам е пресметано и извежбано. Искрено, не знам како некој би можел да ме научи што да кажам", започна Селена на прашањето на водителот што луѓето не знаат за неа и додаде дека не сака кога луѓето ѝ судат според изгледот.

"Не сакам ниту кога луѓето ми велат дека сум убава. Секако, тоа ми ласка, но би сакала да ме засакаат поради мојот карактер", рекла пејачката.

Во текот на интервјуто, Селена отворено проговорила и за тоа како терапијата ѝ помогнала подобро да се разбира себе си и своето детство, а социјалните мрежи ги прогласи за "нездрави".

"Забележав дека често се депримирам гледајќи фотографии од убави луѓе на Инстаграм и мислам дека поради тоа е многу важно да се направи пауза од социјалните мрежи", искоментирала Селена за своето повлекување од Инстаграм.


Открила дека работи и на нова музика, но не даде никакви детали освен што порача дека секоја нејзина песна раскажува за нејзините лични искуства, бидејќи никој подобро од неа не може да ги пренесе. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг