Чудо на запалениот кров на Нотр Дам: Тие успеале да го преживеат пламенот кој горел сè пред себе

Точка

20/04/2019

14:44

4.245

Големина на фонт

а а а

Уште едно чудо го обележало настанот со Нотр Дам, катедралата која настрадала во катастрофалниот пожар.

Пчелите, околу 180.000, кои живееле во кошници на кровот на катедралата кој во целост изгорел, преживеале во огнената стихија која уништила една од најпознатите цркви на светот. 

Пчеларот во катедралата Нотр Дам, Николас Жеон, потврдил дека пчелите се живи и дека уште "зујат" во своите кошници.

Имено, кошниците се поставени биле поставени на Нотр Дам во 2013-та година во склоп на иницијативата ширум Париз да се зголеми бројот на пчели.

Кошниците се сместени на врвот на сакристијата на јужната страна на катедралата, некои 30 метри под главниот кров.

Николас вели дека пожарот за некое чудо ги заобиколил, иако како што вели, за разлика од другите видови, остануваат кај кошниците кога чувствуваат опасност и ја штитат матицата.

Жеон вели дека можеле да настрадаат од високите температури, но дека чадот не им пречи. "Чадот не ги убил, но ги зашеметил и заспал", додава тој.

Пчеларите обично го користат чадот за полесно да пријдат до кошниците.

"Ме погоди тоа што се случи со Нотр Дам, бидејќи е толку убава, но веста дека пчелите се уште живи е прекрасна вест. Му благодарам на Бога што пламенот не дошол до нив. Тоа е чудо!".



Спонзорирани линкови

Маркетинг