Подготовките за брегзит без договор чинеле милијарда и пол фунти

Макфакс

12/04/2019

14:11

831

Големина на фонт

а а а

Британската влада повлече армија од 6.000 државни службеници кои подготвувале терен за излез без договор од Европската унија, активност која чинела околу 1,5 милијарди фунти.

Државните службеници кои работеле во други земји сега ќе се вратат на секојдневните обврски, но не е јасно што ќе прават околу 4.500 нови вработени бидејќи, според најновата спогодба, членот 50 е продолжен до 31 октомври, Ноќта на вештерките.

Вкупно, на брегзит досега работеле 16.000 државни службеници, пишува лондонски „Гардијан“.

Хилари Бен од Лабуристичката партија изјави дека тоа е висока цена за настојувањата на премиерката Тереза ​​Меј да го остави на маса и излезот на Велика Британија од ЕУ без договор.

„Важно е да се планираат сите можни сценарија, но тоа е висока цена за континуираната изјава на премиерката – ‘Сo мојот договорот или без договор’, иако знаеше дека излезот без договор не е од национален интерес“, рекла Хилари Бен.

„Ова е пример што покажува дека брегзит е премногу скап за нашата земја“, додала таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг