Туск: Постигнат договор за одложување на брегзит до 31 октомври

Макфакс

11/04/2019

10:21

1.009

Големина на фонт

а а а

Британската премиерка Тереза ​​Меј и 27 европски лидери постигнаа договор брегзит да се одложи до 31 октомври, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

,,Ова значи дека Велика Британија има уште шест месеци да го најде најдоброто можно решение”, рече Туск.

Во Брисел, на неформалниот самит на лидерите на ЕУ беше усвоено ново одложување на членството на Велика Британија во Унијата. Велика Британија и натаму ќе може да ја напушти Унијата на 22 мај, и покрај тоа што до 31 октомври е одложен крајниот рок за брегзит, рече британската премиерка Тереза ​​Мај.

,,Ако сега можеме да постигнеме договор и понатаму можеме да ја напуштиме Унијата на 22 мај”, рече Мај на прес-конференција во Брисел. Договорот треба да биде прифатен од британските пратеници кои досега го отфрлија, како и сите алтернативи коишто им се предложени.

Во исто време, францускиот претседател Емануел Макрон го поздрави договорот за одложувањето на брегзит и оцени дека е постигнат најдобриот можен компромис.

,,Крајниот рок утврден за 31 октомври нè штити, бидејќи тоа е клучен датум, пред формирањето на новата Европска комисија”, рече Макрон по вонредниот самит на ЕУ лидерите.

Тој рече дека е неопходно да се почитуваат британските гласови кои се за напуштање на Унијата, но исто така и дека не треба да се попречува функционирањето на ЕУ.

Франција, Белгија, Луксембург, Шпанија и Малта ја поддржаа оваа позиција.Германскиот министер за односи со ЕУ, Михаел Рот, рече дека сите опции за Британија се на маса.

,,Сите опции се на маса. Драги британски пријатели, одлучете се сега”, напиша Рот на Твитер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг