Може одложување на Брегзит, но под овие услови: ЕУ ѝ попушта на Велика Британија, а еве како се заштитува

Точка

10/04/2019

09:04

2.464

Големина на фонт

а а а

Лидерите на Европската унија ќе и одобрат на британската премиерка Тереза Меј по втор пат да го одложи Брегзит, но од неа би можеле да бараат да прифати многу подолг период за излегување од Унијата, бидејќи Франција инсистира на услови со кои би се ограничиле шансите Лондон да го загрози блокот.

Британската премиерка во вторникот во Берлин и Париз разговарала со канцеларката Ангела Меркел и претседателот Емануел Макрон за излегувањето на Британија од блокот, а иако не е јасно што е договорено, нацрт заклучокот за денешниот итен самит на ЕУ укажува дека на Британија ќе и биде овозможено уште едно одложување на излегувањето, но под одредени услови. 

"Обединетото Кралство ќе овозможи остварување на задачите на Унијата и ќе се воздржи од било какви мерки кои би можеле да го загрозат постигнувањето на целите на Унијата", се наведува во нацрт заклучокот во кој имал увид "Reuters".

Британската агенција нагласува дека Британија, како полноправна членка на ЕУ, во теорија би можела да стави вето на било каква голема политичка одлука.

Во меѓувреме претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, за "BBC" рекол дека ЕУ би требало да разгледа на Британија да и понуди "флексибилно излегување" за најмногу една година, со можност унијата да ја напушти и порано, доколку парламентот го ратификува договорот.

Тој во писмото до лидерите на ЕУ навел дека има малку причини да верува дека договорот за Брегзит ќе биде одобрен до 30-ти мај, кога истекува рокот за продолжување на Брегзит кој Тереза Меј го побарала.




Спонзорирани линкови

Маркетинг