Иранските медиуми за причината за падот на хеликоптерот! Еве зошто се урнало леталото со претседателот Раиси

Точка

20/05/2024

23:06

5.517

Големина на фонт

а а а

Погребот на иранскиот претседател и неговата придружба ќе биде одржан на 21-ви мај во Тибриз. Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓал претседателот на Иран Ибрахим Раиси е технички дефект на леталото, пренесува иранската агенција „IRNA“.

„Раиси маченички настрада во неделата, на 19-ти мај 2024-та година“, по падот на хеликоптерот кој се случи поради технички дефект на леталото“, се наведува во соопштението на агенцијата.

Хеликоптерот во кој се наоѓал Раиси на 19-ти мај се урнал во иранската провинција Источен Азербејџан. При враќањето со хеликоптер, на подрачјето во близина на Тибриз забележани се проблеми со еден од трите хеликоптери кои се враќале од Азербејџан.


Било утврдено дека проблемот настанал во хеликоптерот во кој се наоѓале високорангирани членови на делегацијата.

Бројни спасувачки екипи веднаш се упатиле на местото на несреќата, а се наведува дека во акцијата учествувале повеќе од 300 спасувачи.


Погребот на иранскиот претседател и неговата придружба ќе биде одржан на 21-ви мај во Тибриз. Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓал претседателот на Иран Ибрахим Раиси е технички дефект на леталото, пренесува иранската агенција „IRNA“.

Хамнеи објавил петдневна национална жалост поради смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси.




Спонзорирани линкови

Маркетинг