Астрологијата може да ни октире многу работи за нас... Од тоа што се случува во нашиот живот и зошто вашата комуникација со партнерот не е баш во најдобар ред или зошто треба баш денеска да ѝ се јавите на личноста која ви се допаѓа, бидејќи љубовта е воздух..
Во суштина вашиот знак во Зодијакот може да открие и какви сте во спалната соба. Објавена била анкета која над 3500 луѓе ја пополниле, а фокусот бил на сексуалните односи и нормално, знакот во кој се родени. Резултатите биле очекувани, но сепак се потврдиле.

Кој знак најчесто има сексуални односи?
Водолијата е високо на првото место, а после неа следат Бик, Риби, Девица и на крајот Лав.
Кој знак има најмногу партнери?
Девица! После неа следат Овен, Бик, Лав, па Риби.
Кој знак е најзадоволен со својот сексуален живот?
Повторно Водолија е на првото место, а после неа следат Јарец, Вага, Овен, па Бик.
Следните резултати откриваат дека 21% од луѓето кои се сами, сакаат прво да го знаат знакот на потенцијалниот партнер пред да го направат првиот чекор - што е разбирливо, кога ќе ги земете предвид работите кои може да ги научите од хороскопот. Во продолжениот откријте повеќе детали за секој хороскопски знак.
Овен
Тие се директни и не сакаат безначаен секс. Од нив не се очекува галење, но ниту претерана предигра.
Бик
Брзиот секс никако не е за нив. Страствените љубовници сакаат да го имаат целото време на светот за истражување на телото на партнерот. Според анкетата, тие купуваат најмногу секс играчки, во споредба со другите знаци.
Близнаци
Нив суштината им е во забавата, а лесниот секс и насмевката им се најважни. Сексот за нив не мора да значи љубов.

Рак
Преферираат да имаат силна емотивна поврзаност пред сексот и тие се најсензуални љубовници според Зодијакот.
Лав
Тие сакаат да бидат во центарот на вниманието. Дајте им комплименти и поддршка и сè ќе ви биде дозволено.
Девица
Прекрасни љубовници кои целат кон совршеност во спалната соба. За нив нема изненадувања и сакаат да играат „валкано“.
Вага
Едноставни и креативни љубовници, сексот за нив е споделување и поврзување.
Шкорпија
Интензивни, емотивни, страствени и по малку мистериозни, понекогаш можат да бидат и посесивни, но и да имаат интензивен сексуален апетит.

Стрелец
Најмногу уживаат во брзиот секс, бидејќи не сакаат рутина и сè брзо им станува здодевно.
Јарец
Уживаат во планирање, но сепак знаат и добро да експериментираат.
Водолија
Возбудливи и непредвидливи љубовници. Секогаш остануваат верни на своите партнери.
Риби
Нежни и емотивни, живеат да ја задоволат својата сродна душа. Три од пет луѓе родени во знакот на Риби, сакаат улоги во облекување костими во спалната соба.













