10 години доверба и квалитет: „Bellina BioShop“ ја реотвора својата продавница во Капиштец со проширен асортиман

Точка

22/05/2026

14:10

352

Големина на фонт

а а а

Bellina BioShop со гордост го најавува ре-отворањето на својата прва продавница во Скопје, Капиштец, на ул. Народен Фронт 3/3. Овој настан е посебен бидејќи Bellina веќе 10 години е присутна на македонскиот пазар, добро позната на купувачите и препознаена по својата посветеност кон органските и еко-френдли производи. Во текот на овие години, нашите клиенти стекнаа доверба во квалитетот и сигурноста на нашите производи, потврдени со сертификати за органско потекло и безбедност.

Со новото отворање, асортиманот е значително проширен и нуди најголем избор на органска храна, природна и органска козметика, еко средства за домаќинство, производи за бебиња и деца, како и специјализирани производи за миленици. Bellina останува верна на својата мисија – да донесе производи кои ја спојуваат природата и науката, создавајќи решенија што се нежни за кожата, здрави за телото и одговорни кон животната средина.


За да го одбележиме овој важен момент, подготвивме специјална акција: од 18 до 31 мај 2026 секој купувач ќе добие подарок – производ за нега на кожа од нашата колекција за нега на сончање. Меѓу нив се смирувачка крема со кокос и пантенол, водоотпорен лосион за тело SPF50, балансирaчка крема SPF50 и хидратантна крема SPF30 – производи кои ја комбинираат моќта на природните состојки со најновите научни формули за заштита и нега.


Bellina BioShop останува место каде што купувачите можат да најдат сигурност во секој избор, знаејќи дека зад секој производ стои долгогодишна посветеност, проверени сертификати и доверба изградена низ една деценија работа.

Дојдете меѓу 18 и 31 мај, откријте ја новата продавница и бидете дел од нашата приказна – приказна за природата, довербата и убавината што трае веќе 10 години.