Експериментален лек за дебелина ги надмина очекувањата: Дава резултати слични на хирургијата?

Точка

22/05/2026

10:55

539

Големина на фонт

а а а

Испитувањето во доцна фаза, кое го следело губењето на тежината кај пациенти со дијагностицирана дебелина, но без дијабетес е најновиот обид на „Ели Лили“ да доминира на растечкиот пазар за лекови против дебелина, како што се „Зепбаунд“ и „Вегови“ на „Ново Нордиск“, пренесе „Ројтерс“.

„Ретатрутид“ е првиот лек против дебелина од компанијата „Ели Лили“ кој истовремено активира три хормонски рецептори ГЛП-1 (за потиснување на апетитот), ГИП (го подобрува лачењето на инсулин) и глукагон (го стимулира согорувањето на мастите).

Во претходните испитувања, се покажа дека ретатрутидот придонесува за поголемо губење на тежината во споредба со лековите од данскиот производител „Ново Нордиск“, додека во најновото испитување, пациентите кои ја примиле највисоката доза од 12 милиграми изгубиле во просек 28,3 отсто од телесната тежина во текот на 80 недели, а повеќе од 45 отсто од учесниците изгубиле 30 отсто или повеќе.


„Тоа е навистина прагот што историски се поврзувал со баријатриската хирургија. Да се има тоа достапно во лек е прилично голема работа“, истакнал Кенет Кастер, претседател на кардиометаболичкото здравје во компанијата „Ели Лили“.

На пршањето за безбедноста на лекот, Кастер за Ројтерс рекол дека ретатрутидот во однос на несаканите ефекти се вклопува во профилот на другите терапии со ГЛП-1.

Непријатна сензација на кожата (дизестезија) е пријавена кај 12,5 отсто од пациентите кои ја примиле максималната доза на лекот, во споредба со 0,9 отсто од испитаниците во плацебо групата. Аналитичарите на „Џеј Пи Морган“ процениле дека фреквенцијата на несакани ефекти со ретатрутидот е поголема отколку со другиот лек за дијабетес на Лили, „Мунџаро“, што делумно го намали впечатокот за ефикасноста на терапијата.